Шилегов тврди дека честото прскање против комарци ќе им штети на граѓаните

 

Градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов вели дека против комарци прскале пред десетина дена и предупреди дека зачестените интервенции се опасни по здравјето на граѓаните. Прскањето против комарци беше закажано за денеска, но поради лошите временски услови беше одложено за утре.

-Ако прскањето е зачестено, може да го загрози здравјето на граѓаните, што навистина мислам дека треба да се има во предвид. Токму тоа беше причината што имавме пауза од десетина дена - кажа Шилегов.

Со авионското прскање ќе бидат опфатени над 10 илјади хектари и 54 жаришта на комарци. За вонредната дезинсекција, Шилегов тврди дека нема да се потрошат дополнителни средства од градската каса.

 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

25.08.2020 - 17:25

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега