Шилегов во Бутел: Ова е општина што најбрзо се развива во Скопје
Маалските средби вечерва продолжија во Бутел каде што Градоначалникот на Скопје Петре Шилегов и градоначалникот на општина Бутел Велимир Смилевски се сретнаа со жителите на оваа скопска општина.
Осврнувајќи се на досегашниот период, Шилегов додаде дека Бутел е една од општините со најмногу важни капитални проекти и од тие причини најбрзо се развива.
- Со изградбата на булеварот Христијан Тодоровски Карпош обезбедивме побрз излез на скопската обиколница. Некогашната улица Босна и Херцеговина сега е модерен булевар со велосипедски и пешачки патеки, ново зеленило и ново осветлување. Ги реконструиравме улиците Александар Урдаревски, Лазо Трповски и Боца Иванова, а наскоро започнуваме и со реконструкција на улицата Бутелска, посочи Шилегов.
-Во овој дел од градот целосно ги реконструиравме средните училишта Арсениј Јовков и Зеф Љуш Марку, а обезбедивме и прочистувачи за воздух за секоја училница, додава Шилегов.
Во делот на градското зеленило, Шилегов потенцираше дека во Бутел подигнати се над 73.000 метри квадратни нови и реконструирани паркови површини, со засадени над 1800 садници.
- Граѓаните треба да знаат дека и на овие локални избори, СДСМ е убедлив фаворит далеку пред останатите политички конкуренти. Само со СДСМ е сигурен локалниот и регионалниот развој, само со СДСМ е сигурен напредокот и интеграцијата. СДСМ ве гледа во очи и ви ветува дека ќе оствари се што е во интерес на општината и граѓаните, посочи Шилегов.
Преку реализација на овие маалски средби СДСМ ја остварува целта заедно со граѓаните создаде понуда која ќе биде најдобра за секоја општина, за секој град.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа