Шилегов за Дрисла: Партнерот немаше знаење и капацитет да го исполни она што било ветено

Депониите во современиот начин на управување со комуналниот отпад се место каде што гарантираат здрава животна средина и место каде се профитабилна категорија на градските управи низ Европа. Нашиот град имаше огромна несреќа да има контроверзна постапка која после 9 години успеавме да ја завршиме. Поради економски причини градот не успеа да направи нова депонија. Без да се рециклира отпадот. Во изминатите 9 години имавме партнер на градот кој не вложи ништо и сериозно го загрози капацитетот на Дрисла, изјави градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов при гостување на „24Анализа“

-Градот беше задржан на ниво на 80 години од минатиот век кога управувањето со комуналниот отпад бешее во прашање. Сега ни се отвара можност да направиме една добра стратегија со депонијата и Дрисла од место кое предизвикуваше контроверзи и нејаснотии да прерасне место кое сите ќе го прифатиме како добро место за комуналниот отпад. Веројатно ќе бидат потребни нови инвестиции, но за тоа се уште е прерано да збориме. 9 години се загубени и мораме заедно како држава, општество и институции да го употребиме целиот научен потенцијал за да изнајдеме оптимално решение за Дрисла и потоа да извршиме финансиско димензирање на динамиката па да видиме дали градот може сам да дојде до решение, или ќе има потреба од финансиска помош и од централната власт, вели Шилегов.

Тој додава дека треба да се направи правата аналитика кои се реалните капацитети на Дрисла. Шилегов информираше дека во идниот период градот ќе излезе со финална слика и проект што ќе се прави со депонијата.

Актуелната администрација во Град Скопје овозможи државата да излезе од голготата наречена постапка за јавен партнер без да има финансиски последици по градот.

-Несериозен партнер на градот кој го немал знаењето и потенцијалот да го исполни она за што конкурирал. Тоа што требало да го инвестираат беше сума од 70 милиони евра, многу поголема од она што е направено. Има и други мотиви за кои се сомневам, меѓутоа да го оставиме минатото, ќе влеземе внатре. Не сакам да верувам дека има нешто сомнително, криминално во смисла на складирање отпад во депонијата. Има сектор за внатрешна ревизија, и исто така финансискиот дел, ќе испитаме што се случувало, вели Шилегов.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

21.01.2020 - 21:42

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега