Шкријељ: Бесплатен оброк, бесплатна екскурзија и 6.000 денари за секое прваче


Во Програмата за европска иднина за новиот мандат предвидуваме серија мерки во образованието, мерки  за младите, за учениците, за унапредување на ученичкиот стандард, најави пратеничката од СДСМ Санела Шкријељ на прес-конференција.

Воведуваме бесплатен оброк за сите ученици во основните и средните училишта, по примерот на студентскиот оброк, рече Шкријељ.

„Грижата за идните генерации, за младите, почнува во училишните клупи. Обезбедуваме бесплатен јавен превоз за сите млади лица во образовен процес, до дипломирање. За олеснување на семејниот буџет и подобрување на стандардот на учениците обезбедуваме ваучер „Среќен почеток”.  Секое прваче пред почеток на школската година, во месец август ќе добие ваучер во износ од 6.000 денари. Секој нов средношколец добива ваучер од 9.000 денари“, истакна Шкријељ.

Шкријељ потенцираше дека со новата програма се воведуваат и бесплатни едукативни екскурзии и тоа: за петтооделенците бесплатна екскурзија за подобро запознавање на Македонија, бесплатна екскурзија во деветто одделение, „Запознај го регионот”, со посети во сите соседни држави во регионот и градење на добрососедство.

„За матурантите се воведува бесплатна едукативна екскурзија во европските држави односно „Запознај ја Европската Унија”.

Приоритет се сигурни и безбедни училишта и ученици, за што имаме мерки за превенција и санкционирање на  врсничкото насилство.

Младите се нашата иднина.

Младите сакаат да живеат во европска држава, со европски стандард, европски вредности и начин на живот, кои ги носи „Програмата за европска иднина” на СДСМ“, рече Шкријељ.

02.04.2024 - 15:04

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега