Шкријељ: Ги охрабрувам сите жртви на насилство да се обратат во центрите за социјална заштита

Видеото што вчера беше објавено на социјалните мрежи, а на кое се гледа како двајца штипјани крвнички тепаат една девојка ја шокираше македонската јавност. Дополнителната заменик-министерка за труд и социјала, Санела Шкријељ, порача дека системот за социјална заштита функционира и дека сервисите работат непречено.

– Ги охрабрувам сите жртви на семејно насилство што имаат потреба од помош и од поддршка да се обратат во центирете на социјална работа – рече Шкријељ.

Таа исто така посочи дека во земјава во моментов се регистрирани вкупно 239 бездомни лица, но дека за нив се обезбедени услови за привремено сместување.

– Координирани сме со припадниците на МВР и на бездомните лица им се обезбедува сместување, храна и здравствена заштита. Во моментов имаме регистирано вкупно 239 бездомници – рече Шкријељ.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

03.04.2020 - 12:44

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега