Шкријељ заминува од Министерството за труд и социјална политика - Ангеловска останува министер за финансии

Покрај во МВР, смени се направија и во другите министерства. Од Министерството за труд и социјална политика си замина дополнителниот заменик министер Санела Шкријељ, при што ова министерство до формирањето на новата влада ќе биде раководено од досегашниот заменик министер Ѓонул Бајрактар, објави Независен.мк

Според Пржинскиот договор, по објавувањето на конечните изборни резултати од дополнителните заменички места ќе мора да си заминат и кадрите на ВМРО-ДПМНЕ од Министерството за финансии, Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство и од Министерството за информатичко општество и администрација.

До формирањето на новата влада, министрите за земјоделство Трајан Димковски и за информатичко општество и администрација Дамјан Манчевски ќе останат на раководните места во овие две министерства, додека Нина Ангеловска останува министер за финансии во техничката влада на премиерот Оливер Спасовски.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

25.07.2020 - 14:58

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега