Шпанија спаси 262 мигранти во близина на Канарските Острови

 

Шпанската крајбрежна стража денеска спаси 262 мигранти, кои со три чамци се обиделе да стигнат до Канарските Острови.

Во исто време, забележува „Ројтерс“, лидерите на ЕУ на самитот во Гранада, Шпанија, се обидуваат да најдат начин да избегнат нова мигрантска криза со оглед на зголемениот број нерегуларни мигранти во Медитеранот или Атлантикот.

Службите за итни случаи превезоа 103 од 262 спасени мигранти на Јеро, најзападниот и најмал Канарски Остров, каде што во последните шест дена пристигнаа повеќе од 1.200 мигранти. Островот Јеро има само 11.000 жители. Другите спасени мигранти се пренесени на Тенерифе и на Гран Канарија. Мигрантите се по потекло од супсахарска Африка, соопштија властите.

06.10.2023 - 16:17

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега