Шпанија воведе општ карантин - забрането движење за сите, освен за лекарите, полицијата и војската

Шпанија воведе општ карантин.

Дозволено е движење само на лекарите, војската и полицијата.

Во Шпанија за време на ноќта од последици од коронавирус починале 849 лица, што е најголем број случаи за 24 часа од почетокот на епидемијата.

Бројот на смртни случаи исто така порасна на 8.189, во споредба со 7.340 колку што имаше во понеделникот.

Во Шпанија од коронавирус заразени се вкупно 94.189 лица пренесува Ројтерс.

Во последните 24 часа регистрирани се 9.222 нови случаи.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

31.03.2020 - 14:07

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега