Штипјанец со коронавирус наместо во изолација, бил затекнат во градот

Основното јавно обвинителство Штип поднесе Предлог за издавање казнен налог против едно лице за кривично дело – Непостапување според здравствените прописи за време на епидемија од член 206 од Кривичниот законик.

Обвинетиот на 24 март добил известување од вирусолошката лабораторија на ПЗУ Поликлиника Жан Митрев дека неговиот резултат од испитувањето на COVID-19 е позитивен, при што му било издадено Решение со кое се одредува лекување и изолација во домашни услови.

Но, на 30 март тој не постапил по решението, го напуштил својот дом како место за самоизолација и со своето возило бил затекнат како фрла ќеси со отпад во близина на Здравствениот дом во Штип.

Јавното обвинителство прдложи на осомничениот да му биде изречена парична казна од 100 дневни глоби, при што висината на една дневна глоба да биде одредена на 20 евра во денарска противвредност.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

10.04.2020 - 19:20

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега