Што коронавирусот му прави на организмот - експертите откриваат кои се симптомите и како да ги заштитите децата

Коронавирусот или Ковид 19 практично ни е пред врата, засега се регистрирани околу 80.000 заболени, а забележани се повеќе од 2.600 смртни случаи.

Откако вирусот завладеа во Италија, паника се создаде и на Балканот, а странските експерти предвидуваат уште посилна епидемија. Меѓутоа, нагласуваат и дека поединци може многу работи да направат за да се заштитат. Националната здравствена служба (НХС) го издаде овој список на превентивни мерки кои ги препорачуваат експертите.

Кои се симптомите на коронавирус?

-Кашлица

-Висока температура

-Краток здив

Овие симптоми се слични на симптомите на останатите респираторни болести, вклучувајќи го грипот и настинката. Затоа, ако ги имате, одговорете на овие две прашања:

-Дали во последните две недели сте патувале во странство како на пример во Кина, Сингапур, Хонг Конг, Тајланд, Јужна Кореја или Италија?

-Дали сте биле во контакт со некој кој скоро патувал на тие места?

Кога се јавуваат симптомите?

Може да се јават веќе во првите 24 часа откако сте заразени, но главно во период од два до десет дена.

Кога да побарате лекарска помош/

Дури и ако немате симптоми, ако сте биле во Вухан или Хубеји во последно време, секако треба да се јавите на лекар. Истото важи и ако воопшто сте биле во Кина, Тајланд, Тајван, Јапонија, Сингапур, Малезија или Јужна Кореја.

Исто така, без оглед на симптомите, треба да се јавите на лекар ако сте биле во близина на заразено лице.

Како себеси да си подготвите карантин ако се сомневате дека сте заразени?

-Останете дома и не излегувајте ниту до продавница. Избегнувајте ги сите места.

-Не користете јавен превоз или такси.

-Користете достава на храна или замолете пријател или некој од семејството да ви достави лекови, храна и се останато.

-Не примајте посета.

Како да се заштитите од вирусот?

Хигиената на рацете е најважна и прва одбрана од вирусот. Ни случајно не допирајте го лицето, очите, устата со раце, особено ако претходно не сте ги измиле. Покрај тоа:

-Носете со себе средство за дезинфекција на рацете и користете го што почесто надвор.

-Мијте ги рацете што почесто.

-Гледајте што помалку да допирате предмети на јавни места.

-Не делете храна со никој.

-Избегнувајте ракувања и бакнување ако сте во подрачје каде што циркулира вирусот.

-Редовно дезинфицирајте ги не само рацете, туку и површините кои ги користите.

Како децата да ги заштитите од вирусот?

Можете значително да го намалите ризикот од зараза ако ги преземете овие чекори:

-Објаснете им како се шири вирусот и научете ги на основите за лична хигиена.

-Држете ги сите површини во домот чисти и дезинфицирани, особено кујната, купатилото и кваките.

-Секогаш користете само еден пешкир со кој ќе се бришете за да не го раширите евентуалниот вирус.

-Нека секој користи свој прибор за хигиена како пешкир, четкичка за заби и слично.

-Нека куќата ви биде проветрена и сува.

Дали маските помагаат?

Експертите објаснуваат дека хартиените маски не се препорачливи затоа што не се залепени за лицето и не штитат од зџараза. Со тоа, влага може да се создаде во внатрешноста, додека во неа дишете, а тоа совршено за бактерии и вируси. Меѓутоа, оваа маска ќе помогне ако сте заразени и морате да одите на јвни места.

Дали коронавирусот се лекува?

Нема едноставен лек за коронавирусот, како што нема ни за настинската. Се што можете да најдете е за зајакнување на вашиот имунитет кој треба да се бори со вирусот. Лекарите на тешките случаи им даваат и маски со кислород за да дишат полесно.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

26.02.2020 - 10:26

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега