Што се сѐ може кога ти е Трамп татко: На синот на американскиот претседател му е дозволено да убие гризли на Алјаска

На Доналд Трамп Јуниор, син на американскиот претседател му е дозволено да лови  гризли мечки на северозападиот дел од Алјаска, соопштуваат локалните службеници.

Тој е еден од тројцата луѓе кои побарале дозвола за лов на овие опасни животни.

"Добиваме илјадници апликации за лов на гризли мечка, но се доделуваат само 27 дозволи. Кој ќе добие дозвола е случајност. Сепак, засега само три лица аплицирале", рече Еди Грејзер, директор на Одделот за риби и животински свет на Алјаска

Трамп Јуниор мора да плати 1.160 долари во лиценци и даноци, така што тој ќе има право да го убие гризли. Тој често оди на лов, па објавува фотографии од своите експедиции на Интернет.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

24.02.2020 - 09:32

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега