Си нуди помош против коронавирусот, а Трамп порача: „Кина помина многу и добро го разбира вирусот“

Кина беше отворена и транспарентна кога станува збор за епидемијата коронавирус рекол вчера претседателот на та земја Си Џинпинг во разговор со американскиот претседател Доналд Трамп.

Трамп и Си многу детално разговарале за пандемијата, поради која во светот починале повече од 24.000 лица, пренесува Ројтерс.

„Кина помина многу добро и добро го разбира вирусот. Блиску соработуваме по тоа прашање“, напишал Трамп на Твитер.

Трамп и други американски државници ја обвинија Кина дека не била доволно транспарентна кога станува збор за коронавирусот, а Си за време на телефонскиот разговор рекол дека Кина била отворена и транспарентна.

Си понудил помош за Америка, која сега има повеќе заразени од Кина.

Си рекол дека се надева дека САД ќе презема потребни мерки за да се подобрат односите на тие две земји, рекол министерот за надворешни работи на Кина, пренесува Ројтерс.

Си исто така рекол дека соработката мешѓу тие две земји е единствен вистински избор.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

27.03.2020 - 10:54

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега