Силен град и грмежи - метеоролозите најавуваат заладување

Оваа вечер и ноќ нашата територија ќе биде под влијание на судир на двете воздушни маси (многу посвежата од север и значително потоплата од југ). Во ваква ситуација на повеќе места ќе се развива нестабилна облачност која ќе биде проследена со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално поради големата енергија во атмосферата ќе има појава на невреме проследено со обилен пороен дожд, силни и чести електрични празнења, олуен ветер и појава на град кој локално има услови истиот да биде од поголема величина (покрупен). Во текот на оваа ноќ температурите на воздухот ќе бидат во значителен пад и тоа поради продорот на многу посвежата воздушна маса од север, истите ќе бележат тенденција на пад дури и за повеќе од 10 степени и веќе во текот на утрешниот ден ќе биде многу посвежо и максималните дневни температури на воздухот ќе се искачуваат во интервалот само од 24 до 33 степени, информира метеорологот Славчо Попоски.

Сето ова ќе биде проследено со умерен, повремено на некои места и засилен ветер од северен и од северозападен правец.

Попоски предупредува, во случај на појава на невреме и на силни електрични празнења граѓаните да бидат внимателни, исто така во случај на олуен ветер да се избегнува паркирање на автомобилите во близина на дрвја.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

14.08.2019 - 14:27

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега