Силен земјотрес го погоди Пакистан


Силен земјотрес со јачина од 5,5 степени според Рихтеровата скала ја погоди провинцијата Белучистан во Пакистан, соопшти германскиот истражувачки центар за геонауки (ГФЗ).

ГФЗ додаде дека земјотресот бил на длабочина од 10 километри, пренесува Ројтерс.

Засега нема информации за жртви, а не се знае и колкава е штетата предизвикана од земјотресот.

19.03.2024 - 09:12

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега