Силен земјотрес вечерва во Грција

Силен земјотрес со јачина од 5,2 степени вечерва беше регистриран во близина на грчките острови Нисирос и Кос, според податоците од Геодинамичкиот институт на Националната опсерваторија, јави дописничката на МИА од Атина.

 

Епицентарот бил во морскиот дел меѓу островите што се во близина на турското крајбрежје.

 

Засега, нема информации за повредени или причинета материјална штета.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

13.04.2021 - 23:14

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа