Силен земјотрес во Мексико: Предупредување за цунами за четири држави

Силен земјотрес од 7,4 степени го погоди Мексико, а според првичните информации, загина едно лице. 

Земјотресот го погоди јужниот и централниот дел на Мексико. Потресот е почуствуван и во претстолнината Мексико Сити која се наоѓа на 600 километри северно од сојузната држава Оахака, каде е регистриран епицентарот.

 

Странските медиуми пишуваат дека сериозни оштетувања има во болница каде се згрижени заразени со Ковид-19, поради што тие ќе мора итно да бидат евакуирани. По земјотресот, којшто се случил околу 10.29 часот по локално време, биле реагистрирани уште 147 афтершокови.

Предупредување за цунами има за Мексико, Гватемала, Ел Салвадор и Хондурас, односно 1.000 километри долж западниот брег на Јужна Америка.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

23.06.2020 - 21:04

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега