Силјановска Давкова: Ако се соберат повеќе од 100.000 потписи власта ќе се освести дека Собранието не е само на парламентарното мнозинство

Пратеничката од ВМРО-ДПМНЕ, Гордана Силјановска Давкова рече дека доколку се соберат повеќе од 100.000 потписи, тогаш власта може да се освести дека Законот за попис не е добар.

-Ако 100-тина илјади луѓе речат дека овој Закон не е добар, можеби тогаш можеби ќе се освести парламентарното мнозинство и претседателот дека Парламентот не е само на мнозинството, туку и дека е и на опозицијата. И тогаш поинаку ќе се однесува кон амандманите или кон предлозите на законите. Инаку, ако Законот се носеше по редовна постапка ќе имаше време за дијалог. Па дури можеше да се консултираат и експерти. Но, кога се трансформира од редовна во скратена, во три дена апсолутно никој не дебатираше, рече Силјанова Давкова.

Според неа, во сите Деловници во светот има рок со кој предлозите на законите треба да се најдат на дневен ред.

-Мислам дека за еден Закон за Комисијата за заразни болести има добри два месеци откако го предложивме и никаде го нема. Во нечија фиока стои, рече Давкова.

Потенцираше дека собирањето на потписите е манифестација на политички процес.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

25.02.2021 - 19:35

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа