Силјановска-Давкова: Нови работни места, работа ќе добијат најдобрите, а не последните на ранг листа

3 години на самрак на Македонија. Како во поглед на идентитетот и економијата, така и во поглед на моралот. Видете ја програмата на СДСМ во 2016 и се ќе ви стане јасно. Мртво слово на хартија. Нула. Ништо не исполнија.

Ова на Фејсбук го истакна носителката на кандидатската листа на ВМРО-ДПМНЕ во ИЕ1, Гордана Силјановска Давкова, потенцирајќи дека власта восптавила непрофесионална и партиска администрација.

-Откако ја партизираа, сега ветуваат нејзино кратење. Погодувате од каде ќе почнат? Од неистомислениците! Денес неколку семејства, фамилии, управуваат со Македонија. Економијата ни е на нула. Во нашата програма ветуваме нови работни места. На прави места прави луѓе. Најдобрите, а не последните да бидат примени. Правичната застапеност не значи некој со помал број поени да биде примен само затоа што е од друга етничка заедница.  Во Ирска само Шин Фејн, политичкото крило, можеше да влезе во парламентот, а не како кај нас, ги соблекоа униформите и добија се. Ветуваме Обнова на Македонија! Воведуваме ред во безредието, закон во беззаконието, се вели во објавата на Давкова.

Од скопско средно Нерези и Карпош 4 3 години на самрак на Македонија! Како во поглед на идентитетот и економијата, така...

Posted by Проф.д-р Гордана Силјановска Давкова on Monday, 29 June 2020

29.06.2020 - 22:40

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега