Силјановска Давкова: Овие избори суверенитетот се враќа кај граѓаните, мудро ќе одлучат за европска иднина на Македонија

Од она што го видов мислам дека гаранција за безбедност имаше, чинам дека заштитени беа членовите на Избирачкиот одбор, набљудувачите, имаше дистанца и во ходниците. Она што ме изненади пријатно е тоа што кутијата беше речиси полна, едвај го спуштив ливчето, изјави професорката Гордана Силјановска Давкова, носител на ИЕ1.

„Значи дека народот е загрижен со право за сопственото здравје, но мислам дека и за здравјето на државата. Изборите се момент кога суверенитетот се враќа кај изворот, кај граѓаните. 

Јас сум убедена дека тие ќе донесат мудра одлука како и секогаш во најтешките моменти во историјата за Македонија, за македонскиот народ, за македонската демократија и за европската иднина на Македонија“, кажа Силјановска Давкова.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

15.07.2020 - 21:28

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега