Силјановска: Мицкоски е демократ, за него знаењето секогаш било сила и моќ

Универзитетската професорка Гордана Силјановска-Давкова, која беше носителка на пратеничката листа на ВМРО-ДПМНЕ во првата изборна единица, порача дека Христијан Мицкоски треба да ја состави новата влада.

-Причина плус  е и реформската програма, изразито реформаската програма, поради внатрепартиската демократија која има правен основ во статутот, па и ако ги гледате листите ќе видите дека таму има многу нови луѓе и само осумина се од предходниот состав. Меѓу нив и членови кои не се од партијата и луѓе кои прв пат се бават со политика. И да бидеме искрени, може колку сакаат да го критикуваат господинот Христијан Мицкоски, меѓутоа ние за прв пат имаме професор, учител, претседател на партија, човек – за кој секогаш знаењето било сила и моќ. И на крајот, демократ. Јас сум доказот за тоа – рече Сиљановска на Алфа.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

24.07.2020 - 08:27

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега