Силјановска: Мислев дека со Ковид-19 многу млади ќе се вратат дома, но тоа не се случи

 Она што зачудува и разочарува е што не гледам инвестирање во образованието, рече пратеничката од ВМРО-ДПМНЕ, професор Гордана  Силјановска Давкова на вториот ден од расправата на Комисијата за финансирање и буџет на тема ребаланс на Буџетот.    

-Нема подобра инвестиција од онаа во човечки капитал. Нема подобра инвестиција од онаа во млади, а кај мене во близина на Правниот факултет има недовршени згради, а пари не се предвидени за тоа. Тука треба да биде Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство, посочи Силјановска.

Таа укажа дека очекувала во период на КОВИД -19 криза младите ќе се вратат во земјава.

-Мислев дека со КОВИД-19 многу млади ќе се вратат дома, така беше и во Бугарија. И мислев ако го ставиме акцентот на нив и овде имаат шанса да се вратат. Но тоа не се случи, рече Силјановска посочувајќи дека бројката на млади невработени во Македонија е околу 30 илјади невработени.

Дека е алармантна ситуацијата, посочи Силјановска, се гледа и по енормните задолжување.

-Голема е опасноста ако го пречекорите задолжување и надмине на 60 проценти од БДП. Значи Македонија е во лоша ситуација, рече професор Силјановска.      

 

 

 

Добивајте вести на Viber

16.10.2020 - 18:06

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега