Силјановска: Младите си заминуваат од сопствената држава бидејќи власта не донесе „живот“ кој што го ветуваше

Универзитетската професорка Гордана Силјановска Давкова, кандидат за претседател на Република Македонија од ВМРО-ДПМНЕ во вечерашното гостување во емисијата Отворено на ТВ Алфа истакна дека на средбата со граѓаните кои што ги имаше изминатиот период најчесто поставувани прашања биле како се да спречи секојдневното масовно иселување на младите од државата, потенцирајќи дека власта не го донела животот кој што го ветувала.

-Најповторуваното прашање е до кога нашите најблиски, до кога нашите млади ќе си заминуваат, има ли лек за тоа. Тоа е прашањето кое што можеби најчесто го слушам. Се разбира статистиката е страшна, бидејќи над 58 проценти од младите велат дека си заминуваат зошто дома во Македонија не препознаваат живот, е сега како да им објасните оние кои победија под мотото живот, носат живот, сега не само што не овозможуваат за нив, туку и на оние кои остануваме животот ни е во прашање, вели Силјановска Давкова.

Во врска со законот за амнестија таа посочи дека за овие настани е далеку од закон за амнестија и владеење на правото, туку чудно помилување и селективна правда бидејќи закон за амнестија важи за сите кои биле инволвирани во определени дела или настан.

Во врска со судството Силјановска Давкова потенцираше дека истото е далеку од независно и за тоа доволно зборува што за да се случат уставните измени селективно се ослободуваа лица, само за да се обезбеди двотретинско мнозинство во Собранието.

– Судството е далеку од независно судство. Тоа особено се виде во трката по високата цел како што се нарекуваше Преспанскиот договор, референдумот, законот за употреба на јазиците, особено во врска со уставните измени кога нужноста од мнозинство доведе до чудни постапувања на пратениците. Да не зборувам и за измените на кривичниот законик кој е со определена цел, наменски да се спасат од судењата определени личности повторно на линија на одржување на коалицијата, нагласи професорката Силјановска Давкова.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

18.03.2019 - 20:22

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега