Силјановска: Нема потреба како папагали да повторувате „северна“

„Нема потреба папагалски да го повторувате името на државата, тоа е сѐ уште болна тема за сите нас. Еднаш нека стои новото име ‘северна’, потоа во заграда ставете Републиката”, порача професорката Сиљановска која зема учество воп јавната дебата за законот за јавно обвинителство.

Според неа законот не би требало да се носи по скратена постапка, а треба да биде доставен и до Венцијанската комисија која треба да даде правно мислење.

Ако имаме закон со европско знаменце тогаш треба и процедурите да се европски. Легитимноста на знаменцето ќе беше ако го пратевте до Венецијанската комисија и добиевте правно мислење. Не сакам да го споменам специјално донесениот закон, за специјално обвинителство со договор на 4 партии, невиден феномен во правото, но кој ете влеваше надеж дека ќе стави крај на криминалот и корпцијата, а заврши со Рекет“, рече Сиљановска.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

28.01.2020 - 19:22

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега