Силјановска: Подготвена сум да ја носам етикетата ,,вмровка“, ќе се борам со Заевизмот

Професорката Гордана Силјановска Давкова која влезе во трка за претседател како независен кандидат поддржан од ВМРО-ДПМНЕ, ги трча последните денови од претседателската трка пред одлучувачкиот ден во недела, а Фактор направи интервју со неа.

Таа одговори на обвинувањата дека е вмровска блиска до ставовите на Груевски и Иванов.

- Велат, во љубовта и војната, сите средства се дозволени. Се чини, така го сфаќаме и политичкиот натпревар, за жал. Да, јас стојам зад сите мои минати ангажмани и ставови кои се забележани и од медиумите. Далеку пред Професорскиот пленум, уште при реформата на високото образование која ја наметна Никола Тодоров, се вклучив активно бранејќи го најдобриот интерес на науката, студентите и професорите. Тогаш формиравме едно уникатно здружение „Сократовци“ коешто функционираше околу една година, во обид да отвори дијалог помеѓу студентите и професорите, и се разбира, властите – но, останавме неслушнати. Студентскиот пленум од 2014 година беше голем предизвик за нас, професорите, бидејќи помладите се покажаа побудни и поагилни во одбраната на универзитетската автономија. Во Професорскиот пленум се здруживме од сите универзитети од Македонија, со различни статусни позиции во нашата фела, ама и со различни идеолошки и политички уверувања: важен беше интересот на високото образование! Ние дури и издејствувавме мала, ама важна победа: го натеравме тогашниот премиер Груевски да ги ревидира законските решенија кои беа донесени само неколку недели претходно, во почетокот на 2015 година. Но, тоа беше бурно време, време на длабока политичка конфронтација, „бомбите на Заев“ и „вистината за Македонија“, па она што беше интересовно здружување се претопи во протестно движење. Лично, не учествував во Шарената револуција, но како и дотогаш, отворено ги искажував моите критики кон потезите на тогашната власт, но и непринципиелните решенија и кршењето на уставот коишто произлегоа од Пржинските пазарења и преговори. Последиците ги живееме и денес, затоа што политиката надвор од границите на правото никогаш не дава позитивни резултати, вели Силјановска за Фактор.

Вели спремна е да ја носи етикетата „вмровка" ако таа е поврзана за симболот на ВМРО низ нашата историја.

- Јас сум внука на илинденец и ќерка на партизан, па нормално е да бидам и вмровка“, вели Силјановска Давкова за порталот.

Додава и дека еден режим се претворил во друг и дека мотив и дава борбата против Заевизмот.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

19.04.2019 - 08:52

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега