Силјановска: Се уште одам на работа пешки, талкам по скопските улици и се чувствувам безбедна

Да јас се чувствувам безбедна. Се уште одам на работа пешки, талкам по скопските улици и се чувствувам безбедна. Мислам дека ако сте биле долги години дел од структурите и голем дел од животот сте го поминале во врска со безбедносните прашање веројатно сметате дека кога знаете многу за другите луѓе, и тие сакаат да знаат за вас, па се чувствувате небезбедно, изјави професорката и кандидат за претседател на Република Македонија Гордана Силјановска Давкова во нејзиното вечерашно гостување во емисијата Отворено на телевизија Алфа.

Според неа изјавите на противкандидатот Стево Пендаровски се чудни бидејќи доколу тој се чувствува небезбеден а е на власт, тогаш како би требало да се чувствуват граѓаните на Република Македонија.

Слушнав дека и специјалната јавна обвинителка исто така смета дека ја следат. Не знам што да кажам, оние кои што треба да не убедуваат во нашата безбедност бидејќи јавниот обвинител може да бара од ОТА, вас или мене или некој друг да го преслушкуваат од безбедносни причини, да сметаат дека се небезбедни, тоа лошо звучи бидејќи ја прикажува Република Македонија небезбедна држава, а во небезбеден амбиент во небезбедна земја има проблеми со одржување на фер и демократски избори, смета Силјановска Давкова.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

18.03.2019 - 19:57

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега