Силно невреме го зафати Велес и велешко

Невреме и обилни врнежи од дожд во моментов го зафатија Велес и велешко. Велешани сведочат за темни облаци и силни грмотевици.

Претходно денеска, од УХМР информираа дека следува силен ветер, со пороен дожд на подрачјето Аеродромот Петровец, Св.Николско и Велешко.

„На 13:40 Невреме со силен ветер, пороен дожд, грмежи и можност за појава на град во подрачјето на Аеродромот Петровец, Св.Николско и Велешко. Правецот на движење на облаците е од север кон југ“, информираат од УХМР.

25.05.2023 - 14:18

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа