Силно невреме во Загреб: Мештаните вакво невреме не паметат во последните 15 години (ВИДЕО)

 
Силно невреме проследено со обилни врнежи, грмотервици и град доцна ноќеска го зафатило регионот околу Загреб. Мештаните на главниот град во Хрватска, велат дека не паметат вакво невреме во последните 15 години.

Поради големиот интензитет на дожд и град кој паѓал интензивно возачите биле принудени да ги запрат своите автомобили на сред сообраќајниците и со запалени четири трепкачи да чекаат да помине невремето. Големите количини вода кои течеле како „река“ по улиците се прелеале и навлегле во некои домови.

Метеролозите во Хрватска најавуваат дека и денеска е можно во некои делови од земјата посебно крај Јадранското Море да бидат зафатени од слично невреме како синиќешното во Загреб.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

11.06.2020 - 09:47

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега