Симоновски: Неопходно беше да се купи специјализираното возило – противпожарна скала

Купувањето на противпожарната скала за Град Скопје е повеќе од неопходно. Купена е по наша препорака и врз основа на направена анализа, изјави денеска командатот на Противпожарната бригада на Град Скопје, Владимир Симоновски.

Во изјава за медиумите денеска Симоновски нагласи дека направени се испитувања на теренот и на потребите на градот и оти според анализата, оваа скала е најсоодветна за градот.

– Оваа противпожарна скала е од ист тип и од ист производител како противпожарната скала во Загреб, но овде станува збор за различна дополнителна опрема. Секогаш дополнителната опрема се доплаќа дополнително и затоа е разликата во сумите за набавка меѓу скопската и загребската скала. Со оваа дополнителна опрема што ја купивме, можеме да кажеме дека граѓаните од Скопје кои живеат над петтиот кат, ќе бидат безбедни, нагласи Симоновски.

Скалата е набавена на меѓународен тендер на кој се јавила само унгарската компанија „Хороскоп“ и се очекува да пристигне кон крајот на овој или почетокот на следниот месец.

Самиот производител е должен да обучи осум пожарникари и лица кои ќе ракуваат со опремата бидејќи станува збор за специфична повеќенаменска опрема. Самата корпа на скалата има дополнителна носилка за повредени и дополнителна ПП опрема.

Во однос на возилата, Симоновски посочи дека нивната просечна старост е околу 35 години и постапката за набавка на нови возила е почната уште во 2019 година, но Бирото за управна контрола при јавни набавки не ја одобрила набавката на три нови возила. Последен пат ново противпожарно возило од Градот е набавено во 2011 година. 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

04.05.2021 - 13:01

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега