Син на функционер бегал од полицијата со возило со флешери - полицајците го фатиле, па го пуштиле со ургенција

Полицајците што во полициска потера запреле син на висок полициски функционер, а потоа го пуштиле без казна подлегнувајќи на ургенции, би можеле да останат без работа, пишува порталот Експрес.

Во билтенот на МВР овој настан не е забележан.

Полицајците го прекршиле законот при инцидентот во кој најпрвин го бркале синот на висок полициски функционер, кој избегал пред полициска патрола, а потоа јавиле дека ја прекинуваат потрагата по возачот кој е син на функционер, додека за возилото јавиле дека е на владата.

Возач на возилото со флешери се спасил од апсење, откако се обидел да ѝ избега на полицијата на Качанички пат, кој води кон границата со Косово. Тој е син на висок функционер на МВР, јави претходно Експрес, повикувајчи се на полициски извори.

Бегалецот на возилото со вградени полициски сигнални уреди, таканаречени флешери, подоцна бил запрен од полициски службеници кои влегле во опасност да бидат повредени во бркотницата. Но, откако бил запрен во бркотницата, возачот бил пуштен од полицајците, кои известиле дека се работи за владино возило.

28.11.2022 - 12:00

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега