Синот на Ријана има само седум дена, а веќе е направена проценка на неговото богатство

Пејачката Ријана и нејзиното момче Асап Роки, минатата недела, поточно во петокот на 13 мај, станаа родители на момче. Според странските медиуми, никој не знаел дека пејачката се породила, а неколку дена подоцна веста излезе во јавноста.

Она што сега е актуелно е веста дека новороденото дете на Ријана веќе има богатство проценето на 1,2 милијарди фунти, кога ќе се спои богатството на мајката и таткото, кое е многу поскромно изнесува 7,2 милиони.

Ријана последен пат беше видена во јавноста на 9 мај кога излезе на романтична вечера со Асап Роки.

Според странските медиуми, Ријана е во својот дом во Лос Анџелес и се чувствува добро.

Ова е прво дете на Ријана и Асап Роки, а странските медиуми пишуваат и дека парот тајно се свршил и дека Ријана во таа прилика облекла црвена венчаница со превез.

20.05.2022 - 16:44

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега