Синот починал а мајката тешко повредена- детали за сообраќајката на автопатот Велес-Скопје

Шеесетгодишниот В.С. од Прилеп е пронајден починат на автопатот Велес-Скопје покрај возилото кое тој претходно го управувал.

Д-р Жарко Манасков од Итната медицинска помош при ЈЗУ Здравствен дом Велес за МИА изјави дека истрагата треба да разјасни дали сега починатиот починал од удар на колата или претходно нешто му се случило. Тој информира дека кога стигнала нивната екипа возилото го нашла уредно паркирано покрај патот.

Во возилото се наоѓала и неговата мајка, 89-годишната Д.С. која седела на задното седиште и, како што информираат од Велешката болница каде е транспортирана, таа имала полесни повреди на главата и нагмечување на десната потколеница. Од Велешката болница потенцираат дека таа е оставена на опсервација во хирушко одделение.

Мајката и синот оделе од Прилеп за Скопје.

Сообраќајната несреќа за МИА, од СВР Велес ја потврди портпаролот Верољуб Додевски, кој информира дека екипа на СВР Велес прави увид во сообраќајката. Сообраќајот на автопатот Велес-Скопје се уште се одвива само по една сообраќајна лента. 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

10.01.2021 - 13:26

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега