Ситуацијата во Будва излегува од контрола: Градоначалникот повторно уапсен, полицијата фрла солзавец (ВИДЕО)

Полицијата фрлила солзавец на насобраната толпа луѓе  пред општинската зграда во Будва кои протестираат  против ароганцијата и преобликувањето на нивната изборна волја, јавуваат локалните медиуми. Градоначалникот Марко Царевиќ и неколку советници беа уапсени.

Минатата среда полицијата уапси 23 лица, меѓу кои и Царевиќ и Радовиќ.

Докдека полицијата фрлала солзавец, некполку од насобраните граѓани успеале да го фатат и да го фрлат назад на полицијата.

Како што соопштија тогаш регионалните медиуми, пред акцијата за апсење бројни полициски сили биле распоредени околу општинската зграда во која претходната ноќ останале уапсените први луѓе Царевиќ и Радовиќ, на кои неодамна им била изгласна недоворба од локалниот собраниски состав на Будва.

Денеска покрај нив уапсени се и членовите на Демократскиот фронт, Ѓорѓе Вујовиќ и Ѓорѓе Прибиловиќ, како и членот на СНП, Крсто Раџеновиќ.

Приведен е и Драган Бозовиќ, началник на Службата за заштита и спасување.

Според познавачите на состојбите, овој наплив на насилство е израз на нетпреливоста помеѓу властите во Подгорица и претставниците на Србите, која сега се префрла и на локално поле

Според српските медиуми, скриена причина за апсењата на градоначалникот на Будва наводно е неговата поддршка на литиите кои Српската црква ги организира против Законот за вероисповед во Црна Гора.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

24.06.2020 - 19:39

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа