Сѐ е подготвено за вечерашниот спектакл – засега нема најава за одложување на натпреварот со Германија поради обилните дождови

Германската фудбалска репрезентација преку социјалите межи објави дека сѐ е подготвено за одржување на натпреварот од квалификацискиот циклус за Светкото првенство во Скопје.

Меѓутоа, денеска, како и изминатите неколку денови обилно врне дожд во Скопје. Меѓутоа, засега нема никакви официјални информации за некакво одложување на мечот и тој останува во закажаниот термин во 20:45 часот на Националната арена „Тодор Проески“.

Лизгавиот терен секако ќе им прави проблем на и на македонските и на германските фудбалери. Само за потсетување, минатиот месец добивме критики од Романија за состојбата на теренот на најголемиот стадион во Македонија.

11.10.2021 - 19:37

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа