Скандал и во Хрватска: Пилоти со воен хеликоптер превезувале шверцер на оружје

Пилотите со воен хеликоптер пренесувале шверцер на оружје, а полицијата при претрес на нивните домови пронашла и поголема количина на воена муниција. Во нивните домови се пронајдени 8.000 парчиња муниција, а надлежните сметаат дека тие биле наменети за црниот пазар. Тројцата пилоти биле искустни инструктори за летање на хеликоптер.

– Тие се оддалечени од летачката служба и одземени им се одредени материјални права кои се поврзани со летачкиот додаток. Ова е изолиран случај, вакво нешто во Хрватското воено воздухопловство досега не се случило. И понатаму ќе преземаме мерки за да спречиме вакви случаи – рече бригадирниот генерал Мато Микиќ, командант во Хрватското воено возухопловство.

Пилотите со воен хеликоптер го превезувале шверцерот на оружје. Заедно ја поминале контролата, а шверцерот најверојатно никој не го прашал за документи. Шверцерот го возеле во хеликоптерот додека биле на должност, во склоп на своите планирани воени задачи, а сѐ се случувал пред два месеци.

Дополнително, шверерот бил целосно маскиран. Тој во воената база, а потоа и во хеликоптерот, влегол во униформа на воен пилот. Мажот од претходно ѝ е познат на полицијата.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

21.11.2019 - 12:05

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега