Скандал во емисија во живо: Политичари се степале за време на дискусија

Молдавските политичари Сергио Тофилат и Генади Косован ги шокирале гледачите со тепачка во текот на емисија за дискусија, пренесува "DPA".

Тофилат, поранешниот советник на претседателката Маја Санду, го нокаутирал Косован, поранешен заменик министер за внатрешни работи, го фатил за врат.

Сцената се одиграла во една ТВ емисија.

Видеото објавено на интернет покажува дека Косован во почетокот останал неподвижен по инцидентот.

Ситуацијата наводно се влошила откако Тофилат го навредувал Косован во текот жестока расправа за политичката ситуација во Молдавија.

Тогаш Косован го полеал Тофилат со чаша вода по глава.

Емитувањето подоцна морало да биде прекинато.

Подоцна на Фејсбук била објавена фотографија на која се гледа како двајцата мажи повторно мирно стојат еден покрај друг и се ракуваат, но во позадина се гледаат болничари.

"Се е добро кога добро ќе се заврши", напишало уредништвото, но исто така навело дека таквите насилства ќе бидат казнувани во иднина.

Пред околу една недела, Молдавците избрале нов парламент во кој прозападната партија на Санду освоила апсолутно мнозинство.

22.07.2021 - 11:27

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега