Скандалозна порака на Пендаровски: Или СДСМ ќе биде на власт или ќе има војна

Акцијата на СДСМ со објавување селектирани и од никого непотврдени телефонски разговори за чија вистинитост никој досега не понуди доказ, сепак за крајна цел има создавање тежок етнички и граѓански конфликт меѓу македонските граѓани кој, за крајна цел, би имал насилно преземање власт од страна на СДСМ, без нивна победа на избори, анализира Вечер.
 Ова не е теза на некој од власта, туку ова е експлицитно изнесена проекција на СДСМ, преку изјава изјави на нивниот кандидат за претседател Стево Пендаровски. По овие изјави она што СДСМ го презема и планира добива логично заокружување во оценката дека се работи за обид за државен удар, што е формулација за секоја преземање власт без победа на избори.  Интересно е што по долга хибернација по тешкиот изборен пораз, Стево Пендаровски се јавува и се промовира себеси токму сега. Имено, во СДСМ подготвуваат смена на шефовското место, и наместо Заев кој ќе трае уште неколку месеци, негов наследник треба да биде токму - Стево Пендаровски, чија промоција почнува деновиве

Доказите што ги поседуваме покажуваат дека на парламентарните избори во 2011 година требаше да победи опозицијата, изјави Стево Пендаровски во гостување во емисијата „360 степени“ на телевизијата „Алсат-м“. Порталот на неделникот Фокус пренесува што е планот и крајната цел на она што СДСМ го прави со уривање на државните институции преку компромитација спроведена со наводни прислушувани разговори чија автентичност никој не ја потврдил.

  - Власта не се покажа успешна во контрирање на ефектите од пресовите на СДСМ, па прогнозирам дека ќе се концентрира на судскиот процес, каде се суверени. Ќе добиете толку години затвор колку што тие сакаат да добиете. Монтирани процеси и политички затвореници имавме досега и не би ме чудело да се направи уште еден. Меѓутоа, што и да прават, нивниот легитимитет е неповратно заминат, а ќе покажеме дека чинот на избор на оваа власт е нелегален – рече Пендаровски. 

Според него, опозицијата по свои канали испраќа предлози за мирно надминување на политичката криза, кое во никој случај не подразбира пазарење со необјавување на материјалите што покажуваат криминал во редовите на власта.

Случувањата во парламентот на 24 декември беше минијатура во споредба со недемократските практики на власта што ќе ги обелодениме. Ако тогаш кризата се разреши со посредништво на еврокомесарот Штефан Филе, тогаш не гледам како ова би се разрешило без меѓународна медијација. Се плашам дека мора да дојдат ако не сакаме да ни се случи 2001 без пушки, да ја загубиме државата сите… Ако власта оди до крај, може да го судри народот меѓу себе, дали преку религискиот момент или на партиска основа – предупредува тој. 

Пендаровски не објаснува врз кои факти тврди дека СДСМ загубил на избори, и тоа осум пати по ред, кои не биле легални. Сите избори се контролирани од меѓународната заедница која ниту еднаш не покажа сомневање или спорење на нивната легалност. На сите избори, нивни претставници во избирачките тела потврдија законитост на изборите. Патем, ниту една домашна, ниту меѓународна анкета на расположение меѓу граѓаните ниту еднаш за осум години не покажала ни блиски резултати во рејтинзите на партиите и нивните лидери... доколку девет години политичка и организациона инфериорност се правда со едноставна и од ништо непоткрепена мудрост дека, ете, изборите што ги губиме се наместени тоа не е ништо друго освен правдање за сопствената неспособност.

 

Особено треба да се обрне внимание на изјавата на Пендаровски кој не потсетува на војната од 2001 година, и изјавува дека очекува граѓанска војна по религиска (!) основа, иако ни СДСМ ниту ВМРО ДПМНЕ не доминираат меѓу муслиманите или Албанците кои се втората религиска заедница во Македонија. Дали СДСМ очекува религиска помош за државниот удар? Цената која СДСМ ја најавува за преземање власт без победа на избори е највисока можна. Прашање е само колку Македонци се подготвени да ја платат за СДСМ да се стекне со власт. 

 

 

Оцени ја веста

17.02.2015 - 22:33

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега