Скендер Реџепи дава оставка од координатор на Алијанса и на Алтернатива, во игра е за нов потпретседател на Собранието

Координаторот на пратеничката група на Алијанса и Алтернатива утре се повлекува од улогата Координатор на пратеничката група.

Тој преку социјалните мрежи соопшти дека утре ќе го извести собранискиот спикер, Талат Џафери за оваа одлука.

„Слободен печат“ пишува дека е можно нов потпретседател на Собранието да биде токму Реџепи, откако Алтернатива стана дел од владејачкото мнозинство.

Изборот за потпретседател на Собранието од Алтернатива ќе биде меѓу Реџепи и пратениот Хусни Исманили.

-Врз основа на новите политички случувања и одлуката на Централното собрание на Алтернатива дека ние како политички субјект се приклучивме на извршната власт и на парламентарното мнозинство, утре официјално ќе го известам претседателот на Собранието на Северна Македонија за оставка од координатор на пратеничката група на Алтеранатива и Алијанса за Албанците – се вели во објавата на Реџепи.

05.12.2021 - 15:48

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа