Скопјанец и се заканувал на сопругата со пиштол
Вчера во 16.00 часот во СВР Скопје, 51-годишна жена од Скопје пријавила дека на 22.07.2025 околу 18.30 часот во семејниот дом на подрачјето на општина Аеродром, по претходни несогласувања, нејзиниот сопруг Г.А.(53) од Скопје и се заканил со огнено оружје, по што оштетил лични предмети на членовите на семејството.
Полициски службеници од Полициската станица Кисела Вода извршиле службен разговор со него и по целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
29.07.2025 - 14:16
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа