Скопјанец изгубил контрола над моторот и паднал на коловозот- две лица повредени

Вчера во 16:00 часот било пријавено дека на локалниот пат село Дељадровце-село Мршевци А.Ј. од Скопје кој управувал мотоцикл “пиаџо“ со скопски регистарски ознаки, изгубил контрола и паднал на коловозот.

Во незгодата со тешки телесни повреди се здобила сопатничката А.С.(33) од Р.Србија, а со телесни повреди се здобил моторциклистот по што биле пренесени во комплексот клиники “Мајка Тереза“ за укажување на лекарска помош.

Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од СВР Скопје.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

22.03.2020 - 10:43

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега