Скопјанец измамил четири фирми од Штип - преку непостоечка компанија набавувал стока

 

34-годишен скопјанец заработи кривична пријава поради основи на сомнение дека сторил „измама“ и „оштетување или повластување на доверители“.

 

-Пријавениот, во текот на декември 2019 година ги довел во заблуда одговорните лица на три правни лица од Штип. Тој од нив порачал и во неколку наврати набавил трговска стока преку фактура во вкупен износ од 2.099.981 денари, лажно претставувајќи се како сопственик и управител на  позната и голема фирма (која не постои и никогаш не постоела) од Скопје, a која обавува иста или слична дејност со тие фирми. За тој износ ги оштетил фирмите.  Исто така, во текот на октомври 2019,  застапувајќи правно лице од Скопје, со претходно дадени овластувања во име и за сметка на правното лице, ополномоштен на 27.01.2017 од управителот, иако знаел дека правното лице  е неспособно за плаќање со блокирана сметка и во постапка за ликвидација, во два наврати од друго правно лице од Штип набавил 150 парчиња канти за отпадоци во вредност од  200.010 денари, кои веднаш ги продал на црно со што го оштетил доверителот за неведениот износ, велат од МВР.

 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

22.05.2020 - 10:41

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега