Скопјанец измамил кумановка: Платила 810 евра за наводен паричен надоместок

Кумановка пријавила во полицијата дека била измамена, платила 810 евра на скопјанец кој ѝ се понудил да ѝ обезбеди наводен паричен надоместок од државата, соопшти денеска, СВР Куманово. 48 годишната жена вчера го пријавила случајот во кумановската полиција.

– Според пријавеното, на крајот на април 2021 година лицето и се јавило и ѝ понудило да ѝ помогне, односно да ѝ обезбеди паричен надомест од државата за временски период колку има работено претходно. Според пријавата, откако се договориле, во два наврати ги предала парите на лице од Скопје, по што веќе не можела да стапи во контакт со него и се посомневала дека била измамена, соопшти СВР Куманово.

Полицијата презема мерки за расчистување на случајот. 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

05.05.2021 - 13:47

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа