Скопјанец нападнат со секира од непознато лице

 

Министерството за внатрешни работи информираше дека вчера во 17:31 часот во СВР Скопје, 27-годишниот Б.Л. од Скопје пријавил дека околу 17:15 часот, додека бил заедно со 18-годишниот Т.К. од Скопје и управувал мотор на ул.„Востаничка“, поради недоразбирање во сообраќајот, со употреба на секира бил физички нападнат од непознато лице, кое управувало патничко возило „мерцедес“, со скопски регистарски ознаки. Полицијата ги презема сите мерки за расчистување на случајот.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

31.03.2020 - 16:36

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега