Скопјанец паднал од автобус на ЈСП - веднаш однесен во болница

 

Маж се здобил со тешки телесни повреди откако паднал од автобус.

-Вчера во 12:00 часот на ул.„Ѓорче Петров“ во Скопје, превезувајќи се во автобус на ЈСП-Скопје „ман“, со скопски регистарски ознаки, управуван од 37-годишниот А.В. од село Јурумлери, скопско, паднал и се повредил 78-годишниот Д.Ш. од Скопје. Тој бил пренесен во Комплекс клиники „Мајка Тереза“, каде му биле констатирани тешки телесни повреди. Увид на местото на незгодата извршила екипа на СВР Скопје - информира МВР.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

29.07.2020 - 11:37

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега