Скопјанец се обидел во Македонија да внесе марихуана, анфетамин и масло од канабис

38-годишен скопјанец е уапсен вчера на Граничниот премин Блаце откако кај него била пронајдена дрога.

-Вчера година во 17:30 часот на Граничен премин Блаце при влез во РСМ од слобода е лишен Ф.Р.(38) од Скопје, бидејќи при извршена проверка кај него се пронајдени марихуана, амфетамин, како и шприц со масло од канабис. Лицето е предадено во ПС Гази Баба за понатамошна постапка, велат од МВР.

По целосно документирање на случајот против Ф.Р. ќе биде поднесена соодветна пријава.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

12.04.2021 - 10:26

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега