Скопјанец шетал со пиштол за кој не поседувал дозвола

Скопјанец фатен со пиштол за кој не поседувал дозвола.

Како што велат од МВР, по претходно добиени оперативни сознанија од страна на полициски службеници од СВР Скопје , вчера околу 18 часот во населба Сингелиќ извршен е преглед врз лицето Б.А (29).

При прегледот пронајдено е огнено оружје, пиштол, кој го поседувал без дозвола, по што извршен е претрес и во домот каде што престојува лицето.

-Денеска од страна на Единицата за недозволена трговија при СВР Скопје до ОЈО Скопје против лицето Б.А поднесена е кривична пријава во брза постапка за кривично дело „Неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи“,велат од МВР.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

21.01.2020 - 17:34

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега