Скопјанец со автомобил прегазил малолетник


Вчера во 11.20 часот во СВР Скопје, било пријавено дека на крстосница од ул.„Варшавска“ и ул.“Виенска“ во Скопје патничко возило „хјундаи“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Б.К.(72) од Скопје, удрило во малолетник од Скопје.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил малолетникот, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје.

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.

30.03.2024 - 11:43

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега