Скопјанец со чекан се обидел да нападне сограѓанин, откако не успеал, му го оштетил возилото

57-годишен скопјанец со чекан се обидел да нападне 52-годишен маж, но откако не успеал му го оштетил возилото.

-Вчера околу 14.00 часот во СВР Скопје било пријавено дека пред зграда на ул.„Босна и Херцеговина“, А.М.(57) од Скопје со употреба на чекан се обидел да го нападне  Д.Д.(52), но бил спречен во намерата, по што со тврд предмет го оштетил паркираното патничко возило „пежо“, сопственост на Д.Д, велат од полицијата.

 

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

07.08.2020 - 19:08

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега