Скопјанец среде бел ден искршил стакла на банка во Аеродром


Вчера во 09.50 часот на подрачјето на општина Аеродром во Скопје, полициски службеници од Полициската станица Аеродром го лишиле од слобода М.Д.(48) од Скопје затоа што околу 09.30 часот со остар предмет ги искршил стаклата од филијала на една банка на подрачје на општина Аеродром.

По целосно документирање на случајот, против него ќе следува соодветна пријава.

04.04.2024 - 16:48

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега