Скопјани само што се смирија повторно стресе: Земјотресот вчера еден од посилните

По силниот земјотрес од 5 степени според Рихтер, кој во неделата во 15 часот и 10 минути ги преплаши скопјани, земјата никако да се смири. Синоќа беше почувствуван уште еден земјотрес, откако 12 часа немаше никаков потрес и жителите малку се смирија. 

Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Македонија, со станици во Скопје, Штип, Валандово, Битола, Охрид и Крушево, ноќеска во 01 часот и 32 минути регистрира земјотрес од источниот дел на скопското епицентрално подрачје со Рихтерова локална магнитуда од 3.2.

Потресите предизвикаа вознемиреност кај населението, а лекарска помош по земјотресите досега побарале повеќе од 100 лица.

 
 
14.09.2016 - 08:31

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега