Скопјанка измамена: И кажале дека ќерка и прегазила дете и ѝ побарале пари за да сведочат

 

Скопјанка измамена, две непознати лица и земале  речиси 60 илјади денари.

„На 06.08.2020 во 15,30 часот во СВР Скопје, Ѓ.Б.(77) од Скопје пријавила дека во 09.00 часот телефонски ѝ се јавиле две непознати лица кои ја известиле дека нејзините ќерка и зет во нас.Аеродром со возило прегазиле дете, при што едното лице се понудило да помогне како сведок на настанот, за што ѝ биле побарани пари“ соопштува МВР.

По одредено време на улица во нас.Гоце Делчев во Скопје пристигнало патничко возило, со скопски регистарски ознаки, во кое имало две лица, по што Ѓ.Б. на едното му дала 52000 денари.

Подоцна пријавителката исконтактирала со нејзиниот син, по што сфатила дека е измамена. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

07.08.2020 - 16:48

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега